Тие бараат да им се овозможат правата за платен годишен одмор, но и да бидат пријавени на целосно работно време, со целосна плата.

Објавил: Владо Марин | 20 мај, 2020 12:55

СИНДИКАТОТ НА УГОСТИТЕЛИ: Бараме платени празници, викенди, прекувремена работа за работниците во секторот!

Фото/Текст извор: ©А1 он/магазин.мк

Синдикатот за угостителство и туризам бара од Владата да им се овозможи бенефициран стаж, бидејќи, се изложени на физички напор и работат во секакви услови, пренесува А1 он.

Тие бараат да им се овозможат правата за платен годишен одмор, но и да бидат пријавени на целосно работно време, со целосна плата.

На прес-конференција излегоа само неколкумина угостителски работници, а за останатите, велат дека голем дел имаат притисоци од газдите и затоа не се дојдени.

„Повикани сме да работиме по осум часа, а работиме по 10-11 часови и тоа не е платено. Бараме да се изнајде начин, сите работници од нашиот сектор, да добијат надоместок бидејќи и ние имаме семејства. Ние сме доста запоставени. Бараме викендите, празниците, прекувремената работа да ни биде платена. Задолжително да ни се плаќа надоместок за К-15 без да го враќаме кон газдите“, рекоа претставниците на синдикатот.

Тие потврдуваат дека поради кризата која ја предизвика коронавирусот, многумина кои се дел од угостителскиот сектор останале без работа.

Претставниците на синдикатот рекоа дека немаат бројка, бидејќи, од отпуштените работници има и такви кои работеле непријавени во Завод за вработување, односно на црно.

Оттука, тие тврдат дека се најзагрозена гранка на дејност во секој поглед.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести