Ноле беше посебно среќен поради начинот на кој функционира неговиот сервис, на конференцијата за медиумите покрај прашањата за играта, имаше и неколку интересни прашања поврзани за својот начин на живот.

Објавил: Весна Петровска | 24 јануари, 2020 12:13

Сите го критикуваа, но тој остана цврст и се уште најдобар:Ѓоковиќ конечно откри зошто не јаде месо!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во 4. коло во Австралија опен каде ќе се соочи со дуелот со Диего Шварцман од Аргентина.

Ноле беше посебно среќен поради начинот на кој функционира неговиот сервис, на конференцијата за медиумите покрај прашањата за играта, имаше и неколку интересни прашања поврзани за својот начин на живот.

Посебно што ги инспеирало новинарите е исхраната на Новак Ѓоковиќ, која во последните четири ипол години почитува воглавно да јаде производи од билки.

Ѓоковиќ рекол дека многумина во неговото опкружување се сомневале дека ќе издржи со ваков начин на исхрана да игра на највиско ново, могумина го критикуваа, но дека тој имал повеќе етички цел, бидејќи не можел повеќе да поднесе се што се случува со животните во денешно време.

– Среќен сум дека со оваа исхрана можам да играм на исто ниво во последните четири ипол години, На почеткото имаше многу критки, луѓето околу мене не веруваа дека можам да го направам тоа, имаше многу сомнежи , многу знаци на закана, поминав низ различни фази за да се навикнам на новиот стил на живот.

– Тоа не е само диета, имате етичка причина, свест за сето она што им се случува на животните, за колењето на животните и се тоа што им се случува на фармите. Сето тоа има многу влијание и на климатските промени, иако луѓето не сакаат да зборуваат за тоа. Тоа е поголема причина од тоа како ќе игра,, тоа е животен принцип, нешто на што сум горд и се надевам дека овој пристап и понатаму ќе расте и со својот пример додатно ќе ги инспирирам спортистите да бидат на овој начин на исхрана, да знаат дека можат добро да се опорават, да имаат мускули и сила. Ја не кревам тегови, но имам оптимален биланс на брзина, сила, моќ… мислам дека ништо не ми недостасува. Ќе продолжам да уживам во тоа, заклучи Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис