Голема Албанија е политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет

Објавил: admin@magazin | 2 мај, 2019 14:36

СКАНДАЛОЗНО: Албански ученици со перформанс прават мапа на „голема Албанија“

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ученици на албанско училиште изведуваат перформанс на создавање на голема Албанија.

Како што објави курир.рс вчера на социјалните мрежи се појави снимка, на која јасно се гледа, како албански ученици извезуваат перформанс за создавање на голема Албанија. 

На снимката се гледа момче кое ги држи на картон на кои се исечени границите на Албанија, а потоа му се придружуваат деца кои ги додаваат, исто така од картон исечени, делови од Грција, западниот дел од Македонија, Косово, истокот на Црна Гора, југот на Србија и Косово. На тој начин прават мапа на таканаречена голема Албанија, за која Албанците ја посакуваат веќе подолго време.

Голема Албанија е политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека делумно признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија“ .

Заедно со постоечката Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина, териториите во јужна Црна Гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести