Интервјуто беше организирано и спроведено во Стејт департментот.

Објавил: admin@magazin | 25 јануари, 2020 15:02

СКАНДАЛ: Американскиот секретар Помпео пцуеше и викаше на новинарка, па потоа го прекина интервјуто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американскиот државен секретар Мајк Помпео викаше и пцуеше, пред новинарката Мери Луиз Кели, па потоа го прекина интервјуто незадоволен од поставувањето прашања за Украина, соопшти Радио Нашанел Публик (НПР)

Интервјуто беше организирано и спроведено во Стејт департментот.

Помпео одби да одговори на поставените прашања за Украина и американскиот амбасадор во Киев, изјавувајќи дека се согласил на интервју за политиката на администрацијата за Иран. Новинарот тврдеше дека е договорено со неговите соработници Украина да биде една од темите.

Во изјавата на НПР се вели дека „веднаш по прашањето за Украина, интервјуто заврши“ Помпео застана и погледна во Кели неколку секунди, а потоа ја напушти просторијата.

Помпео одби да одговори на поставените прашања за Украина и американскиот амбасадор во Киев, изјавувајќи дека се согласил на интервју за политиката на администрацијата за Иран. Новинарот тврдеше дека е договорено со неговите соработници Украина да биде една од темите.

Неговиот соработник побарал од Кели да го придружува Помпео во неговите комори на Стејт департментот, без диктафон, се вели во соопштението на НПР.
Помпео во собата гласно го изрази своето незадоволство од прашањето на Украина. Тој постојано користел пцовки и го прашувал новинарот 

„Мислите ли дека Американците се грижат за Украина“?

Самата новинарка подоцна рече: „Тие ме одведоа во приватниот оддел на секретарот, каде тој чекаше и ми викаше сè додека трае интервјуто“. Според неа, тој користел пцовки.

Потоа ја прашал дали може да ја најде Украина на картата и кога одговорила да, ги повикал своите соработници да му донесат мапа на светот без обележани земји.

– Покажав на Украина а потоа ја отстрани папката. Тој рече – луѓето ќе слушнат за ова, тој се сврте и рече дека има работа и јас му се заблагодарив за своето време и заминав “, рече новинарот.

Ниту Белата куќа, ниту Стејт департментот не одговорија за овај скандал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.