Наташа Габер Дамјановска, поранешен уставен судија и сегашен директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавил: Перо Милчин | 15 декември, 2018 11:15

СКАНДАЛ: Без ниту еден ден работно искуство како обвинител, ќе обучува судии и јавни обвинители!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Со изборот на Наташа Габер Дамјановска за директор на Академијата за судии и јавни обивнители пупката е никната. А дека ќе го отвори судството како пупка, неодамна изјави премиерот Заев, само останува да видиме дали тоа ќе го направи со изборот на кандидати за судии и јавни обвинители во Академијата и со помош на новата директорка.

Наташа Габер Дамјановска, поранешен уставен судија и сегашен директор на Академијата за судии и јавни обвинители е во блиски политички и семејни конекции со актуелната власт.

Позната како сестра на Виктор Габер, своевремено претседател на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, поранешен амбасадор на Република Македонија во Австралија и според извори од МНР главен кадровик на СДСМ во Министерството за надворешни работи.

На еден женски форум во 2015 Габер цврсто се броеше за аргументите. Така тогаш таа во врска со законот за бременоста изјави: Дамјановска нагласи дека државата мора да собере сили и повторно да се креира нов партиципативен закон во кој ќе се прифатат предлозите кои се засновани на аргументации, во кој ќе бидат вклучени и субјектите од невладиниот сектор.

Но и Наташа Габер Дамјановска не е наивна кога станува збор за политичките конекции со СДСМ. Во круговите на СДСМ е позната како поранешна советничка и школска другарка на Бранко Црвенковски. Токму линкот на Габер со Бранко Црвенковски ќе биде пресуден во 2008 година на негов предлог да стане и Уставен судија.

Блиските професионално-семејни корелации со СДСМ како и тоа што нема ниту ден стаж во редовното судство, се смета како груб упад врз независноста на судството- брифираат судии од Апелациониот суд.

Според овие извори, Габер иако ги исполнува законските услови за директор, го нема практичното искуство да обучува судии и јавни обвинители, а го има товарот на партиски човек што во секој случај е пад на стандардите на Академијата и се коси со принципите на независно судство.

Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер, своевремено претседател на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, поранешен амбасадор на Република Македонија во Австралија и според извори од МНР главен кадровик на СДСМ во Министерството за надворешни работи. Воедно Виктор Габер е претседател на Комисијата за преговори со Грција за ревизија на учебниците во двете земји.

Тврдењата на судските извори ги потврдува и биографијата на Габер објавена на веб страната на Уставниот суд.
Од 1985 до 2008 година, се до изборот на Уставен судија, работела во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. ГАБЕР НЕМА НИТУ ЕДЕН ДЕН СТАЖ КАКО СУДИЈА ВО ОСНОВЕН ИЛИ РЕДОВЕН СУД НИТУ КАКО ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ А ТРЕБА ДА ОБУЧУВА ИДНИ СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ. Судиите сметаат дека изборот на Габер е деградација на искусни судии од Апелационите судови и Врховниот суд, како и на јавни обвинители кои кариерите ги поминале во борбата против криминалот и корупција.

Како научен работник се стекнала со магистер по политички науки со трудот “Улогата на ПАСОК во социјалистичкото движење на Република Грција“ а со титулата доктор по политички науки “Мнозинството во системот на политичкото и парламентарното одлучување”. Покрај тоа што нема практично искуство, ниту во академските титули нема поврзаност со правосудство и судски реформи.

Судската фела не очекува дека магистер и доктор по политички науки кој доаѓа од Институт чија дејност се политички прашања и истражувања да обучува судии и јавни обвинители
Од објавените научни трудови на ГАБЕР Дамјановска, нема ниту еден, ама баш ниту еден научен труд од областа на судството, судските реформи и обука на судии и јавни обвинители, борба против криминал и корупција. Сите научни трудови и се од областа на парламентаризмот, изборното законодавство и политичкиот систем.
Габер Дамјановска би била добар советник на Талат Џафери при примената на Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието. Но никогаш не може да биде биде обучувач и реформатор на судството и обвинителството затоа што никогаш не била дел од него.

Академијата за судии и јавни обвинители не подготвува кандидати за судии на Уставен суд, ниту пак идни пратеници. Академијата за судии и јавни обвинители треба да ги избере најдобрите од генерациите правници кои ќе ја делат правдата велат извори од судството.

Изборот на Габер Дамјановска мора да се доведе во корелација со последните измени на Законот за академија на судии и јавни обвинители преку кои беа паднати стандардите за влез во Академијата.

Со стариот закон просекот од 8,5 претставуваше услов за влез во Академијата, но со новиот закон донесен од СДСМ бришењето на просекот значи дека секој правник е квалификуван за судија. Ова е отворена врата за влез на партиски кадри велат нашите извори.
Со партиски кадар на чело на Академијата и без никакви критериуми многу е веројатно дека во судството ќе се повтори 1996 година кога СДСМ во една вечер избраа 600 судии.

Без просекот како критериум за влез на најдобрите, со политички кадар на чело на Академијата ќе ни се повтори 1996 година кога СДСМ во една вечер избра 600 судии во Парламентот.

Среќна Нова 1996 !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести