Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ изјави дека полицијата утринава ги пронашла торбите со палици и камења во основното училиште, по пријавата од страна на вработените.

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 13:00

СКАНДАЛ: Во центарот на Белград пронајдена торба со дрвени палки и камења за демолирање на градот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Утринава се пронајдени две торби со дрвени палки и камења кај црквата Св. Марко, како и на Врачар, пишува Курир.рс. Торбите најверојатно ги подготвиле демонстрантите, кои за вечерва најавуваат уште поголеми протести во центарот на Белград.

Во торбите кои се пронајдени се наоѓале камења, маски и нараквици, а најверојатно демонстантите ги криеле за да предизвикаат уште поголеми инциденти, на големите протести кои се одржуваат во Србија.

Пронајдена е и уште една торба со исти работи, во основното училиште „Дринка Павловиќ„ во центарот на Белград.

Во торбите кои се пронајдени се наоѓале камења, а исто така маски и нараквици, а најверојатно демонстантите ги криеле за да предизвикаат уште поголеми инциденти, на протестите кои се одржуваат во Србија.

Претседателот на Република Србија,  Александар Вучиќ изјави дека полицијата утринава ги пронашла торбите со дрвени палки и камења во основното училиште, по пријавата од страна на вработените.

Протестите во Белград продолжуваат и вечерва се најавени нови демонстрации. Пред неколку недели група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.

Според неофицијалните информации, прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ, а вратата на зградата на српската државна телевизија беше искршена, пишуваше Б92.

Учесниците на протестот „Еден од 5 милиони“ ја опколија зградата на Радио-телевизија Србија во Белград и на тој начин ја почнаа блокадата која траеше два часа.

Пред зградата на РТС беше паркиран камион од кој почна емитувањето на „Дневникот на слободна Србија“ на кој граѓаните беа повикани на голем протест, на 13 април во Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести