Според претседателот на Основното Јавно Обвинителство - Скопје, институцијата работи во минимални услови и очекуваат секој ден на врата да им се "исправат" извршители

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 8:52

Скопското обвинителство должи 260.000 евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Скопското основно обвинителство се соочува со извршители поради долгови кон институциите.

Заклучно со крајот на август годинава обвинителстовто должи 260.000 евра. Најголем дел за вештачења на Bирото за судски вештачења и на приватни вештаци а помал дел или околу 1.300 евра си побарува и Идризово за транспорт на осомничени лица.

Дополнитлено најголемото обвинителство во државата е во постапка пред извршување за долгови кон Институтот за судска медицина и бирото за судски вештачења.

Скопските обвинители останаа без возила за да одат на увид. Три од четири автомобили што ги поседува обвинителството се расипани а договорот за сервисирање е истечен. – велат од ОЈО Скопје.

Поради завршениот тендер за одржување на возилата тие не можат да бидат сервисирсани и стојат паркирани во подземната гаража. Освен да се стаса на увид проблем се појавува и  со доставата на документи, вели шефот на скопското обвинителство Сашо Рајчев.

Обвинителите го користат моето службено возило за да одат на увид, но кога тоа не е слободно поради мои итни обврски, бараат од МВР да ги земат со нивните возила и заедно да одат на увид, за да се запази законската обврска за присуство на обвинител при увид на терен. – објаснува Рајчев.

Првиот човек на скопското обвинителство вели дека се соочуваат и со  сериозни кадровски проблеми, недостаток на дактилографи, стручни сорабтници и прашува за какви реформи во правосудството се разговара  кога обвинителите имаат ограничени услови за работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести