Србија е прва во Европа по штетните ефекти oд загадувањето, најмногу од загадениот воздух и девета во светот, како резултат на деталното истражување на Глобалната алијанса за здравје и загадување (ГАХП).

Објавил: Весна Петровска | 9 јануари, 2020 16:03

СКОПЈАНИ ДЕНЕСКА ДИШАТ НАЈКАНЦЕРОГЕН ВОЗДУХ ВО СВЕТОТ – алармантна е ситуацијата, а надлежните не мрднуваат со прст

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Мерните едници покажаа дека денеска Скопје е најзагадениот град во светот, а надлежните се уште не анјдоа начин како да се справат со загаденоста, и покрај алармантните податци скопјани дишат канџероген воздух.

На листата на светски најзагадени градови Скопје беше прв со индекс на квалитет на воздухот од 183 а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи.

Оваа мапа на загаденост во светот покажува дека Балканот и натаму останува како регион со голема загаденост бидејќи по Скопје на листата на десет најзагадени на второ место е Сараево, трето место е Софија а во врвот се и Приштина и Белград.

Според податоците на Блиц, Србија е прва во Европа по смртност поради загадување.

Србија е прва во Европа по штетните ефекти oд загадувањето, најмногу од загадениот воздух и девета во светот, како резултат на деталното истражување на Глобалната алијанса за здравје и загадување (ГАХП).

Во Србија, 175 луѓе на 100.000 луѓе умираат предвреме секоја година како резултат на загадувањето на кое се изложени во нивната околина, се вели во студијата објавена во „Блиц“.

Д-р Дејан Зујовиќ, пулмолог и шеф на Одделот за интервенции при Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза, за Блиц изјави дека загадувањето во вторникот во Нов Белград било 240, што е некомпатибилно со животот.

Според него, властите морале да го запрат сообраќајот во толку загаден дел од градот.

Коментирајќи ги наводите дека загадувањето има погубно влијание врз жителите на Србија отколку во Индија, Зујовиќ вели дека не е изненадувачки бидејќи немаат ниту една институција која се занимава со прашањето на загадувањето.

Според студијата на ГАХП, во 2017 година од загадување во Србија починале 12.317 лица, од кои за 9.902 смртоносен бил загаден воздух, за 1.366 олово и за 37 луѓе – водата.

Чад, Централна Африканска Република, Северна Кореја, Нигер, Мадагаскар, Папуа Нова Гвинеја, Јужен Судан и Сомалија се пред Србија, а на 10 место следува Индија, јави Бета.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести