„Регионот се движи по пат на заеднички раст и трансформација. Со прашањата за стабилност преминавме на создавање на економски пораст и сега треба на најдобар начин да го искористиме овој поволен момент за напредок“ - заклучила Мајлинда Брегу.

Објавил: Весна Петровска | 28 септември, 2019 18:31

СЛОБОДНА ЗОНА:Еве каде можеме да патуваме само со лична карта

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Генералната секретарка од Советот за регионална соработка (RCC), Мајлинда Брегу изјавила дека таа организација е подготвена да им помогне на земјите од Западен Балкан.

Оваа организација би била посредник за постигнување на компромис за слободно патување само со лични карти.

Како што соопштуваат од RCC, таа на неформален состанок за процесот на соработка со Југоисточна Европа (SEECP), прв кој се одржува во состав на претседавањата на Косово, изјавила дека тоа би се постигнало низ спроведување на Повеќегодишен акционен план за регионален економски простор (MAP REA) како дел од претстојниот самит Берлински процес.

„Регионалната соработка е темел на стабилност и општествен-економски напредок на нашиот регион и драго ми е што глдам дека истата е потврдена денес, затоа што да се биде овде во текот на неделата кога се одржува заседанието на UN, придонесува на позитивната атмосфера, заедништво во наоѓање на решенија за цели кои сите ги делиме. Драго ми е што приоритетите на Процесот на соработка во Југоисточна Европа се тесно поврзани со приоритетите на регионот, а тоа се поврзување на младите културата, уметноста и туризмот“ – изјавила Мајлинда Брегу.

Таа моментот го оценила како поволен – Хрватска за првпат ќе го преземе преседништвото на ЕУ, Бугарија и Македонија ќе претседаваат на Берлинскиот процес, Албанија и Македонија веројатно ќе ги отворат преговорите за пристапување на ЕУ, процесот за проширување ќе биде во средиштето на делување на ЕУ.

„Регионот се движи по пат на заеднички раст и трансформација. Со прашањата за стабилност преминавме на создавање на економски пораст и сега треба на најдобар начин да го искористиме овој поволен момент за напредок“ – заклучила Мајлинда Брегу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.