сабота, 27 април 2024

MK/ EN/ DE



Падна и првиот снег и тоа 30 см во Италија и скоро 10 см во Словенија

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 13:07

Снег во Словенија и Италија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во италијанскиот скијачки центар Алта Бадиа наврнаа околу 30 сантиметри свеж влажен снег. Овој зимски центар се наоѓа во Доломитес а надморската височина се движи од 1.324 до 2.250 метри.

Снег паѓа и на словенечката Кредарица, каде во девет часот изутринава биле измерени минус три степени Целзиусови а снежната покривка изнесувала три сантиметри. Во последните 12 часа паднале 6.3 сантиметри снег.

Поголемиот дел од Хрватска е зафатен од поројни дождови а температурите се намалени повеќе од десет степени. Во текот на ноќта земјата ја зафатија и силни ветрови а најлошо беше во Истра. Во Истарската жупанија евидентирани се 24 случаи предизвикани од пороен дожд силен ветер и грмотевици.

Во раните утрински часови големо невреме го погоди и јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд што предизвика поплави во градот.

Проблем имало и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим – Атина и Истанбул се пренасочени кон други аеродроми

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.