Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје соопшти дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

Објавил: Весна Петровска | 3 декември, 2019 12:52

СНЕМАЛО СТРУЈА, НО НЕМАЛО НИ АГРЕГАТОР: Скопска гинекологија се огласи по вчерашниот прекин на струјата

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Скопската гинекологија се огласи по вчерашниот инцидент со струјата, ниту еден процес не беше загрозен поради кусиот прекин на електрична енергија.

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје соопшти дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.

Од Клиниката посочуваат дека службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола.

Сите новороденчиња на Одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот. Ниту еден процес на Клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија, стои во соопштението од таа јавна здравствена установа.

Некои медиуми вчера објавија за прекинот на струја во Гинекологија и според нивните извори агрегаторите не ни биле вклучени, што тоа е недозволилво кога станува збор за болница.

– Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа е несфатливо, некој мора да одговара, вели нашиот извор.

Но, не станувало збор само за операции кои биле во тек, туку и на бебиња во инкубатор.

-Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор, додава изворот.

Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести