Сноуден во интервју за француското радио „Франс ентер“ истакна дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2019 11:52

Сноуден: Се надевам дека ќе добијам азил во Франција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач изјави дека се надева дека Франција ќе му додели азил.

Сноуден во интервју за француското радио „Франс ентер“ истакна дека „би сакал да види“ дека францускиот претседател Емануале Макрон ќе направи гест и ќе му овозможи да живее во Франција.
 
Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избегал најпрво во Хонгконг, а покасно во Москва, 23 јуни 2013 година го дочекал дипломатскиот автомобил кој веројатно припаѓал на Еквадор. Сноуден добил помош од организацијата Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж.Откако одбил азил од поголем број држави, 6 јули 2013 година Венецуела му понудила азил на Сноуден. Меѓутоа 1 август 2013 година добил азил од Русија.

Според она што го објавија британските медиуми интервјуто со Сноуден е објавено на Твитер по налогот на „Франс ентер“, но засега не е познато кога и каде интервјуто било направено.

 
Сноуден од 2013 година живее во Русија, кога ги објави тајните документи на американските разузнавачки агенции.
 
Британските медиуми наведуваат дека многумина Сноуден го сметаат за херој, но не и америкнските власти кои сакаат да го изведат пред суд.
 
Едвард Сноуден е роден на 21 јуни 1983 година е поранешен работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД. Сноуден предизвика голема контраверзија кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број тајни проекти за надгледување како на пример „ПРИСМ“ и „Баундлес информант“ и документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади на компјутери ширум светот. Сноуден документите им ги предал на Гардијан и Вашингтон пост во јуни 2013 година. Во октомври 2013 година Сноуден објави документи кои упатуваат дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел во период поголем од 10 години, што предизвикува голем меѓународен скандал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести