Со предлог измените на Законот за здравствено треба да се укинат 14 комисии составени од 17 члена и на нивно место да има една од 9 члена, која ќе ја ревидира листата лекови

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 10:46

Собранието “нема термин” за измените за промени во позитивната листа лекови

Фото/Текст извор: ©sdk.mk

Собранието нема термин за законските измени со кои треба да им се овозможи побрза промена на позитивната листа на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување.

Според јавно објавените податоци на Собранието измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, кои се почнати во јули годинава, во прво читање во собраниска процедура минале на крајот на август.

Во второ читање овие измени не се поминати, а според календарот за работа на Собранието не е закажана седница на Комисијата за здравство на која ќе се расправа за овие законски измени, по што треба да ги дадат на усвојување на пленарна седница на Парламентот.

Членови на собраниската Комисија за здравство велат дека засега нема закажано седница, но велат дека треба да има до крајот на месецот.

Овие законски измени се неопходни за да се ревидира позитивната листа на лекови, кои се на товар на ФЗОМ, односно од неа да се извадат застарените терапии и да се воведат нови, како на болничката листа на лекови, така и на листата на лекови кои пациентите ги подигаат од аптека.

Со предлог измените на Законот за здравствено осигурување треба да се укинат 14 комисии составени од 17 члена и на нивно место да се формира една комисија од 9 члена, која ќе ја ревидира листата.

Потребата од оваа измена Министерството ја образложи со тоа дека ова законско решение се покажало како гломазно и нефункционално.

Од самиот старт имаше проблем со работата на комисиите. По носење на ова законско решение скоро цела година комисиите не беа формирани, а по истекот на мандатот од една година, поминаа скоро година и пол додека да се формираат нови.

Последните десетина години листата не е обновена, а потребата од нејзино менување се потврди и деновиве кога почина пациент од ретката болест пулмонална хипертензија, кој не ја добил потребната терапија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...