Одличен рецепт за вашето мени.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2019 22:16

Солени мафини со тиквички, маслинки и сирење

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Брзи и вкусни мафини, за појадок или вечера.

Рецепт за подготовка на многу вкусни солени мафини со тиквички, маслинки и сирење.  Изненадете ги вашите пријатели со овој вкусен рецепт.

Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и наполнете ги до пола со горната смеса.

Состојки

3 јајца
100 мл млеко
100 мл маслиново масло
60 гр фета, бело сирење или урда
1 поголема тиквичка
10 поголеми маслинки
200 гр брашно
1 пак. прашок за пециво
сол, црн бибер, мајоран

Подготовка

Со миксер изматете ги убаво јајцата. Додадете ги млекото и маслото, зачинете, па потоа со лажица или најмала брзина на миксерот, вмешајте ги брашното и пецивото. Маслинките исецкајте ги, тиквичката изрендајте ја, а сирењето издробете го. Додадете ги и нив во смесата. Тиквичката не мора да ја цедите.

Полнете ги калапите за мафини со 2-3 од смесата. Одозгора, по желба можи да ставите и сусам.

Печете ги на 170 степени околу 25 мин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.