На Интернет осамна видео од целата сцена, исто така се гледа како полицајката го апси крадецот на лице место.

Објавил: Весна Петровска | 5 јули, 2019 21:45

СО ВАКВИ АКЦИИ КРАДЦИТЕ ЌЕ СТАНАТ МИНАТО: Полицајка го преплива Вардар за да фати крадец

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драма во главниот град, полицајка го преплива Вардар само за да фати крадец.

На Интернет осамна видео од целата сцена, исто така се гледа како полицајката го апси крадецот на лице место.

-Откако арамијата украл чанта на жена кај Соборниот храм почнал да бега на двајца полицајци во цивил, по што го забележала инспекторка која тргнала по него. Тој влегол во Вардар, но не успеал да избега зошто по него влегла и полицајката по што го фатиле и го задржала од спротивната страна на кејот додека да дојдат колегите, пренесе ТВ 24.

Вистинска драма се случуваше во центарот на Скопје, крадец изваден од водите на Вардар

Секоја чест на храброста и брзата реакција на оваа полицајка, со ваква полиција крадците во Македонија можеби ќе станат минато. Убаво е чувството да се знае дека се уште во полицијата имаат лица поготвени за секоја задача која работат им ја носи.

Кражбите во Македонија поготово во главниот град се се почести, на секој чекор има џепароши кои ги напаѓаат скопјани среде бел ден. Според податоците на МВР, најмногу џепароши има на Бит Пазар и во строгиот центар поточно на улица Македонија.

Исто така во главниот град имаше и голем број на џепароши од Бугарија, за среќа скопската полиција за брзо време ги уапси,тие според податоците на МВР се стекнале од околу 182.000 денари.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести