Пратениците на ВМРО - ДПМНЕ бараат премиерот Заев да појасни која е улогата на уставните амандмани, кога Грција не менува ни буква од својот Устав, додека Македонија губи се

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 9:49

Со шрафцигер ли ќе ги вадите буквите каде пишува Република Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Синоќешниот прв ден од Собраниската расправа за уставните амандмани помина во знакот на појаснување на опозиционата ВМРО – ДПМНЕ, што тие ќе значат за иднината на Републиката која дефинитивно нема веќе да е Македонија.

Долгогодишниот пратеник, Владимит Ѓорчев од говорницата му се обрати на премиерот Заев.

Господине Заев, вие не може да си нарачате опозиција затоа што легитимитетот го дава народот и граѓаните.

Не може да си нарачате опозиција која де факто ќе биде власт поради политички уцени, затоа што опозиција ви е македонскиот народ, опозиција ви се Албанците кои се разочарани на кои не им ги исполнивте ветувањата, опозиција ви се Турците кои се повеќе го дигаат гласот, Бошњаците, Србите, Ромите, и самите ваши пратеници велат дека не ги исполнувате ветувањата. Опозиција ви се сите. – истакна Ѓорчев.

Пратеникот воедно истакна дека договорот оди на штета само на едната страна, која нема име.

Договорот не е симетричен, затоа што тука е Уставот на Грција и Грција не менува ни една буква во нивниот Устав. Обидете се да најдете 2/3 мнозинство во Грција и видете како ќе поминете во договорот за кој исклучиво само Македонија презема одговорност. – рече Ѓорчев.

Тој го праша премиерот кога ќе го смени името на својата партија и кога ќе станат Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија.

Господине Заев дали со ножици ќе ги вадите амблемите на полицајците и војниците кои велат на Армија на Република Македонија, МВР на Република Македонија? Дали со бонсек или шрафцигер или со чекан ќе ги вадите буквите каде пишува Република Македонија или Влада на Република Македонија. – го праша Ѓорчев премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести