Откако пред неколку дена повеќе граѓански здруженија за заштита на животната средина упатија отворено писмо до премиерот и до претседателот на државата Стево Пендаровски од кои бараат МВР и Армијата да се вклучат во о патролирањето и да организираат стражи за да бидат фатени оние кои палат шуми, стрништа или отпад.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 ноември, 2019 16:08

Спасовски: МВР заедно со инспекторите на терен ќе ги гони загадувачите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, за медиумите изјави дека полицијата заедно со инспекторите, на терен ќе ги ловат загадувачите.

Спасовски најави дека со засилениот ангажман и инволвирањето и на полицијата во патролите во иднина ќе има и кривични пријави кои ги предвидуваат законите.

Откако пред неколку дена повеќе граѓански здруженија за заштита на животната средина упатија отворено писмо до премиерот и до претседателот на државата Стево Пендаровски од кои бараат МВР и Армијата да се вклучат во о патролирањето и да организираат стражи за да бидат фатени оние кои палат шуми, стрништа или отпад.

„Се договоривме сите инспекторати да си ја завршат работата во рамките на своите надлежности и да ги исконтролират сите субјекти кои се потенцијални загадувачи, да ги координираат своите активности да формираат заеднички тимови во кои задолжително ќе има униформиран полицаец, секојдневно и континуирано во сите општини во државата, а целиот процес ќе се координира од канцеларијата на премиерот, каде ќе се поднесуваат секојдневни извештаи“, информираше Спасовски. Тој додаде дека додека долгорочните мерки како гасификацијата и субвенционирањето на инвертери дадат резултати, неопходно е моментално дејствување.

Спасовски најави дека со засилениот ангажман и инволвирањето и на полицијата во патролите во иднина ќе има и кривични пријави кои ги предвидуваат законите.

„Остварен е контакт и со јавниот обвинител со цел кривичните пријави да имаат ефект, неказнивоста е клучниот проблем“, рече Спасовски. Тој најави дека во рамките на краткорочните мерки на Влатата инспекциско-полициските патроли веднаш ќе почнат со контроли на сите субјекти со А и Б интегрирни еколошки дозволи и дека од граѓанските здруженија ќе бидат побарани конкретни предлози за други мерки против аерозагадувањето.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести