Честа што ми е укажана вечерва е дополнително поголема од фактот што овој ФИС ролер ски куп го носи името на нашата најсјајна музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески!

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2020 21:24

Спасовски: Ролер ски купот „Тоше Проески“ прерасна во манифестација од големо спортско значење

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Оливер Спасовски денеска беше во посета на Крушево каде се обрати на отворањето на спортската манифестација Ролер ски куп „Тоше Проески!

Тој изрази посебна чест што и оваа година е дел од манифестацијата Ролер ски куп „Тоше Проески“, којашто со право прерасна во традиционален спортски настан!

Ми претставува посебна чест што и оваа година имам можност да бидам дел од манифестацијата Ролер ски куп „Тоше Проески“, којашто со право прерасна во традиционален спортски настан, со претставници од повеќе земји кои пристигнаа во прекрасното Крушево за да ги манифесираат и слават спортските вредности и да и пркосат на заканата по здравјето со афирмација на здравиот спортски живот и навики, рече Спасовски!

Тој потенцираше дека Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација и со сесрдната поддршка на Општината и организацискиот одбор, за многу краток период успеаа да го издигнат ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“ на ниво на останатите меѓународни манифестации во регионот.

Честа што ми е укажана вечерва е дополнително поголема од фактот што овој ФИС ролер ски куп го носи името на нашата најсјајна музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески.

Оваа манифестација секоја година не собира во спомен домот на нашиот Тоше, со што овој спортски настан се облагородува од сеќавањата на неизмерниот талент и човечки вредности што Тоше Проески им ги подаруваше на сите нас.

Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација на Македонија, и со сесрдната поддршка на општината и организациониот одбор, за многу краток период успеаа да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести