Спасовски ја надмина и Јанкулоска, Македонија полициска држава, каде народните избраници - пратеници се чуваат од сопствениот електорат кој им изразил "огромна" поддршка за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 12:24

Спасовски (си) ги чува сите 80 пратеници кои ги поддржаа уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, потпретседател и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека сите 80 пратеници кои гласале за уставни измени се под полициско обезбедување 24 часа.

Направени се безбедносни проценки за пратениците кои гласаа „за“ и се додека постои опасност ќе бидат обезбедувани, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Закани има на фејсбук, но и на други социјални мрежи.

Нема да допуштиме такво однесување и секој кој ќе внесе страв кај граѓаните или пратениците ќе биде санкциониран. Не е сериозно да се излезе во јавноста со обвинувања дека на пратениците им биле нудени пари да гласаат „за“. – вели министерот Спасовски и го повика Јавното обвинителство да отвори истрага.

Додава и дека сите 80 пратеници кои гласа „за“ се обезбедуваат, како и дека одредена група блиска до Бојкотирам се заканува по животот на пратениците и нивните семејства.

Спасовски можеби изуми дека законодавниот дом брои 120 члена и дека токму ВМРО – ДПМНЕ први реагираа и до МВР и до Јавното обвинителство за уцени, закани и поткуп за нивни пратеници да ги поддржат уставните измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести