Неодамна Спасовски изјави дека Тетово и околината се најбезбедните региони во земјата во кои има нулта криминал

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 јули, 2018 8:36

Спасовски – што се апси во тетовско и гостиварско?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за внатрешни работи би требало да објасни како криминалот во тетовско и гостиварско од нулта од ден во ден последната недела е вест број еден по приведени странски државјанки кои нелегално престојувале и “работеле”.

Синоќа по две следеше уште една спроведена акција од страна на полицијата во пет угостителски објекти од кои два во Тетово и три во Гостивар. Според информацијата при истата се затекнати 9 државјанки на Србија Црна Гора Хрватска и Босна и Херцеговина кои нелегално престојувале во Република Македонија но и 24 државјанки на Македонија.

Притворените “работеле” како танчерки во ноќни клубови.

Ова е трета акција на МВР која доаѓа 2 седмици по изјавата на Спасовски од Брисел дека во 2017 година во Тетово и регионот имало нулта криминал со апел до Скопјани да ги посетат овие места каде нема рации иако во последно време полицијата е најредовен “гостин” откривајќи локали каде приведува странски но и домашни државјанки кои се теретат за дела за кои се тврдеше дека ги нема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија