Пред да ја испрати помошта за Италија, српскиот претседател ги прими претставниците на тимот на руските вооружени сили, кои помагаа во спречувањето на ширењето на новиот корона вирусот и им се заблагодари за „обезбедувањето на важната помош за Србија“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 април, 2020 16:29

Србија испрати авиони со помош за Италија!

Фото/Текст извор: ©извор Фокус.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидени осум авиони со помош за Италија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Србија има доволно опрема, затоа сметаме дека сега е најважно тоа да го дадеме и да им помогнеме на нашите италијански пријатели. Нашата помош не е мала, и ова се производи што ние ги купивме и за кои платија граѓаните на Србија, за да им ја дадеме на нашите браќа и сестри во Италија. Ние ги снабдивме своите магацини. Праќаме два милиона хируршки маски, два милиона епидемиолошки маски, еден милион ракавици. Можеби можевме и повеќе, но ова е гест да покажеме колку ни значи Италија, истакна Вучиќ, испраќајќи порака со сочувство до сите починати.

Пред да ја испрати помошта за Италија, српскиот претседател ги прими претставниците на тимот на руските вооружени сили, кои помагаа во спречувањето на ширењето на новиот корона вирусот и им се заблагодари за „обезбедувањето на важната помош за Србија“.

Одлуката на претседателот Путин е израз на солидарност, но и потврда за вонредните стратешки односи и најблиско пријателство меѓу двете земји, посочи Вучиќ.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Вучиќ оценил дека во соработка со српските единици за атомско-биолошко-хемиска одбрана, руските војници за кратко време помогнале да се стави епидемија под контрола во најголемите жаришта, како што се Белград, Кикинда, Ваљево, Чуприја, Ниш и други места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.