На делница преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 18:47

ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ : Српскиот претседател Вучиќ го отвори за сообраќај Јужниот крак на Коридорот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српскиот претседател Вучиќ го отвори за сообраќај Јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција кај Грделичка клисура.

На денешната церемонија на отворањето заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше и нашиот премиер Зоран Заев.
Со отворањето на оваа делница кај Грделичка клисура, Србија преку коридорот 10 е целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија.

Целиот проект чинеше 400 милиони евра и ова беше најтешкото градилиште во Европа. Пред четири години на Коридорот 10 имало околу 36 милиони автомобили годишно, а веќе минатата година имало 56 милиони автомобили.

Тунелите Предејане и Манајле достигнуваат должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, “исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри. На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а должината на сите потпорни конструкции околу 15 километри.

Поради големата тежина на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дтој ел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.