Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека е дијагностициран уште еден четврти случај на коронавирус во Македонија.
Се работи за лекарка, директорката на Клиниката за кожни болести и изминатите 5 работни денови одела редовно на работа.
Министерот рече дека се прави проценка за сите кои контактирале со неа овие денови. Можно е одделот да биде целосно затворен.
Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.
– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.
Филипче кажа дека е многу разочарувачко тоа што не се почитуваат препраките за самоизолација од 14 дена по враќање од жариштата како што е северна Италија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.