Прашања кои ги мачат искрените револуционери

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 20:29

Статистика, испревртена реалност

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Статистиката е клучот, избраниот методолошки концепт на одредување на просек на избор, тоа е основа на концептот на демократија. Вашето мислење е само капка во морето на мислења, и така се гради демократската подлога на владеење и менаџирање со заедничките нешта од интерес на групата. Статистиката е мајка на прецизноста, таа никогаш не лаже. Секое изигрување на статистиката неповратно ќе го наруши односот на реалноста со демократските процеси.

Статистиката покажа дека македонскиот народ гласал за сегашната власт. Сите гласачи се должни да ги прифатат статистичките параметри кои ќе потврдат дека најблиску до нивната воља како група е изборот кој статистичкиот модел ќе го даде по броењето на гласовите. Статистиката некогаш е помогната од кибернетски аналитички алатки кои објективно ќе ги предодредуваат случајните избори каде тоа е потребно и неопходно, како на пример системот АКМИС во судовите, кој е сочинет за да им помогне објективно доделување на предмети кај судиите во одредена група.

Е сега, кога резултатите од една кибернетска организација на доделување на предмети ќе дадат статистички резултати на скоро невозможна реалност, тригерот се вклучува и прашањата се поставуваат: дали е возможно на сите, буквално сите клучни предмети кои се водат во моментов, а носат релативно висока хиерарехиска поставеност во важноста на нивното влијание во политичките процеси, кибернетскиот алгоритам да ги додели на истата личност, без разлика дали е тоа Кацарска или некој друг во минати времиња (повторно Кацарска).

Дали како модерно постреволуционерно општество, покрај прашањата за подобар живот, НАТО и ЕУ, име и презиме на државата и нацијата, ќе се најде доволно капацитет во нашите умови да процесираме една огромна статистичка грешка, грешка во матриксот, која се продава како систем? За каква демократија изградена врз статистичка грешка зборуваме, на каков подобар живот се надеваме?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...