На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, од кои повеќето се наоѓаат во близина на главниот град Стокхолм.

Објавил: admin@magazin | 6 октомври, 2019 13:40

СТАТИСТИКА: Швеѓаните просечно годишно заработуваат по 26.500 евра!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Секој шведски државјанин кој е на работно место годишно заработува просечно по 287.000 илјади круни или 26.560 илјади евра што е по околу 2.200 евра месечно, објави шведската Агенција за статистика.

Во соопштението на Агенцијата стои дека најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде лани граѓаните во просек заработувале по 383.990 круни годишно или 35.530 илјади евра.

На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, од кои повеќето се наоѓаат во близина на главниот град Стокхолм.

Секој шведски државјанин кој е на работно место годишно заработува просечно по 287.000 илјади круни или 26.560 илјади евра што е по околу 2.200 евра месечно, објави шведската Агенција за статистика.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.

Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието.

За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија.

Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.