Од утре во 6 часот наутро, Грција ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за српските медиуми српскиот министер за туризам Расим Љајиќ.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ претходно најави дека е можно затворање на грчките граници за српските државјани. Грција од 1 јули ги отвори границите за странски државјани.
Одлуката е донесена поради епидемиолошката состојба во Србија и големиот број српски државјани кои имале позитивни тестови на ковид-19 во Грција – рече Љајиќ.
На оние српски државјани кои се веќе на одмор во Грција ќе им биде дозволено да останат до крај.
Инаку, на туристите од Србија влез во Грција им беше дозволен само преку Бугарија!
Во последната недела во Србија постојано расте бројот на заболени од Ковид-19, а деновиве бројката се искачи над 300 дневно.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.