Во 04,00 часот било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.

Објавил: admin@magazin | 24 мај, 2019 17:11

СТРАШНО: Сношти силувана и малтретирана Скопјанка!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Утринава во 04,00 часот било пријавено во полициска станица, дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.

Во единицата за известување и команда Скопје, утринава било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49- годишната Л.Ј била малтретирана и на неа била извршена обљуба од страна на 39- годишниот С.Б од Босна и Херцеговина.

49 годишната Л.Ј и обвинетиот претходно биле во врска, но таа не сакала да ја продолжи.

Исто така пред триесетина денови, малолетна кавадарчанка била обљубена од малолетен роднина, а информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

На 22-ри април во 21:00 часот во Полициската станица во Кавадарци лицето О.К. пријави дека нејзината малолетна ќерка била обљубена од нивен малолетен роднина од Кавадарци, соопшти Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Најголема светска статистика за силувања е забележана во Демократската Република Конго. Според статистката состојбата е алармантна.

Во текот на четири години се забележани повеќе од 3.600 силувања, од кои повеќето жртви биле жени, 1.000 биле деца, а 81 маж. Комесарката на ОН за човекови права, Нави Пилај, изјави дека жртвите на силување во Конго во периодот од 2010 до 2014 година се на возраст од две до 80 години, јавува Гласот на Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести