Сепак, не по долго време, постариот човек повторно доби температура од 39 Целзиусови степени, по што беше откриено дека тој повторно има коронавирус.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 март, 2020 18:05

СТРАШНО: Јапонец оздравел од КОРОНА ВИРУСОТ, после две недели повторно се разболел!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јапонец бил заразен со вирус по втор пат, само две недели откако се опоравил од смртоносна инфекција.

Според „Дејли меил“, човекот имал 70-ти години и првично бил заразен во февруари додека бил на крстарење со брод.

Тој бил пренесен на лекување во установа во Токио, потоа се вратил дома кога по тестот било утврдено дека вирусот корона повеќе не е присутен во телото. Сепак, не по долго време, постариот човек повторно доби температура од 39 Целзиусови степени, по што беше откриено дека тој повторно има коронавирус.

Ова не е прв пат да се врати вирусот, бидејќи слично нешто се случи и со еден јапонски, инаку туристички водич, кој го добил вирусот двапати во кратки временски период.

Студијата за мајмуните, сепак, тврди поинаку – животните развиле имунитет против коронавируси бидејќи првично биле заразени со него.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предложи државите членки на ЕУ да ги затворат границите за несуштински патувања, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Колку помалку патувања, толку повеќе ќе го ограничиме вирусот. Затоа им предлагам на шефовите на држави и влади да воведат привремено ограничување на не-есенцијалното патување во ЕУ“, рече Фон дер Лајен. Забраната ќе биде во сила за првичен период од 30 дена, и нема да важи за европејци кои се враќаат дома, за социјални работници или за оние кои работат од обете страни на границата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.