Министерот смета дека претходната власт подобро да не почнувала вакви автопатишта.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 август, 2019 7:41

Сугарески: „ВМРО-ДПМНЕ ископале дупка, велат гасовод направиле, патиштата не се чепнати од времето на ТИТО„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Одговорно тврдам дека ова е невиден нонсенс во градежништвото, ваков пример не постои, посебно со автопатот Кичево Охрид. Таму видовме нешто што не го познава градежништвото, вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во интервју за „Макфакс„

Во интервју за „Макфакс„ министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески вели дека ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 650 километри во 11,5 години, СДСМ во една година 500 километри. Тој потенцираше дека по 40-50 години патиштата не биле чепнати, од времето на Тито.

Тој вели дека нормално е опозицијата да критикува, но фактите се јасни.

Да отидеме во која сакате општина, не само во градовите, туку и околу, ќе видите. Реконструкција правиме на преку 500 километри патишта. Во моментов има инвестиции во делот на патната инфраструктура од 800 милиони евра“, вели Сугарески во интервју за „Макфакс“.

Министерот смета дека претходната власт подобро да не почнувала вакви автопатишта.

„Одговорно тврдам дека ова е невиден нонсенс во градежништвото, ваков пример не постои, посебно со автопатот Кичево Охрид. Таму видовме нешто што не го познава градежништвото. Многу е лесно да се обвинува некој што гради во моментов. Автопатот Миладиновци-Штип беше завршен 50 проценти кога дојдовме, од каде тие го направиле тој автопат? Ние направивме 50 проценти во година и пол, тие исто толку во четири години. Зошто се вели дека ги довршуваме нивните проекти? Ако било само за 40 километри, или за две бандери, како што кажуваат, зошто не ги доправиле? Може ли да замислите дека Груевски немаше да пушти пат ако било сè готово? Ако бил готов Демир Капија-Смоквица, Груевски ќе пропуштеше да го пушти?

Еве јас го поставувам гласно прашањето. Автопатот Кичево-Охрид е еклатантен пример како не треба да се работи во градежништвото. Тоа ВМРО-ДПМНЕ треба да и го објасни на јавноста. Не само делот на провизии. ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 650 километри во 11,5 години, СДСМ во една година 500 километри.

По 40-50 години патиштата не биле чепнати, од времето на Тито. Да појдеме кон граничните премини кон Бугарија, да видиме како е направен патот од Делчево до граница, од Берово до Клепало, дали се работи од Струмица до Ново Село. Нормално е опозицијата да критикува, но фактите се јасни. Како го сметаат патот Штип-Радовиш дека е од нивно време, кога лопата не е фрлена, ниту една. Ланската година во мај е почнат патот да се прави. Во моментов работиме на проект Битола -Прилеп“, рече министерот Сугарески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести