СЈО на сред лето ги активираше извршителите по потреба за предистражна постапка или во "поддршка" на предреферендумската кампања?!

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 15:26

СЈО ја одзеде цела документација од општина Аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалното јавно обвинителство влезе во Општина Аеродром.

По увидот специјалните истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски.

Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги – проекти – фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.

Од СЈО не кажуваат дали подготвуваат истрага за поранешниот градоначалник Коневски. Оттаму со едноставен одговор дека доколку предметот е во предистражна постапка не можат да дадат никакви детали.

“СЈО неодамна со писмен допис се обрати до Општина Аеродром со барање за доставување документација. Општината ја достави бараната документација. За повеќе детали во врска со посочената документација ве молиме да се обратите до СЈО.” –  изјавија од одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.

Ивица Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром два мандата oдносно од 2009 година до 2017 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести