Градоначалникот на Гостивар смета дека Албанците нема да дадат поддршка на власта за вториот круг

Објавил: Узунов Бобан | 25 април, 2019 11:24

Таравари: Цензус ќе има ако ДУИ полни кутии како на референдумот во Зајас !

Фото/Текст извор: ©магазин

ДУИ нема да успее да обезбеди повеќе гласови во вториот круг од претседателските избори, а СДСМ ќе доживее фијаско на следните парламентарни избори, смета генералниот секретар на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари.

Во интервју за порталот pressingtv.mk, Таравари го потврдува ставот дека нема да има политички пазар за гласовите кои ги доби Блерим Река и дека гласачите треба да одлучат по сопствено убедување кого ќе поддржат. Доколку има предвремени парламентарни избори Таравари остава простор за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

Заедничкиот кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА Блерим Река е најголемото изненадување на претседателските избори со освоени 80.000 гласови со што сериозно ја наруши позицијата на ДУИ како најголема албанска партија.

И СДСМ и ДУИ ги казнија гласачите Албанци. На парламентарните Заев доби 50 000 до 60 00 Албанци гласачи. Сега заедно СДСМ, ДУИ и сателите околу ДУИ што се ситни албански партии не добија 40 000 гласови. Заев кажа дека е најпопуларен политичар меѓу Албанците, а сега излезе дека Блерим Река доби два пати повеќе гласови од Заев. Река заедно со Касами и Села. По трендот по кој се оди со секојдневни афери, со непотизам, со разно разни однесувања кои асоцираат на стариот режим, СДСМ ќе има фијаско и дебакл на следните избори. Сега ако овие бројки од првиот круг ги гледаме како резултати на парламентарни би биле 54 пратеници само ВМРО-ДПМНЕ, 54 пратеници СДСМ со сите партии и 12 Алијанса и БЕСА“, вели Таравари.

Арбен Таравари истакна дека во вториот круг нема да биде постигнат цензусот за претседателските избори, и потврди дека ДУИ за време на референдумот полнеле кутии во Зајас. Оваа потврда има поголема тежина со оглед на тоа што доаѓа од политичка партија која исто така даваше поддршка и организирираше кампања за поддршка на Преспанскиот договор.

  Не очекувам да има цензус. Би сакал да има успешни избори и да избереме претседател. Кај Албанците мотивираноста се покажа каква е. Сега ќе направат напори ДУИ, оти бројките им се катастрофални. Нема да успеат ништо повеќе, дури и помалку ќе имаат, освен ако им дадат да гласаат брзо како за референдумот во Зајас за еден час 200 луѓе, тогаш ќе има поголем број“, вели Таравари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести