Почнете да планирате пет потези однапред. Ова јас онака, другарски. Нема лутиш.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 октомври, 2019 8:31

Тасевски: Спремајте се за распад на државава, не е далеку и нема да биде без крв, оти ќе се цртаат нови граници!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Спремај те се за распад на државава. Не е далеку, пишува на социјалните мрежи актерот Сашо Тасевски.

И нема да биде без крв, оти ќе се цртаат нови граници. Немојте да спиете. Почнете да планирате пет потези однапред. Ова јас онака, другарски. Нема лутиш, пишува Тасевски.

Во Тирана вчера, претседателот Пендаровски беше примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба и пленарна средба со официјалните делегации, по што се одржа заедничка прес-конференција на претседателите.

На новинарско прашање за одлуката на Брисел за недобивање на датум Пендаровски рече дека негов став е дека двете земји треба да ги почнат пристапните преговори кои траат доволно долго за двете земји да ги исполнат европските вредности.

„Ова е казна за целиот регион. Сосема незаслужена“рече Пендаровски.

На средбата со Илир Мета, македонскиот претседател предложил да се формира и неформална група на македонско – албанско пријателство.

„Дадов иницијатива да се формира неформална група на македонско – албанско пријателство во која ќе членуваат стопанственици, интелектуалци, луѓе од културата но пред се младите кои би се состанувале и би давале предлози за унапредување на соработката“ рече Пендаровски и додаде дека политички добрите односи треба да се рефлектираат и во економијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...