За потсетување, во Северна Митровица утрово, во 06.10 часот, се слушнаа сирини по повод нападот на специјалните албански сили на северниот Космет.

Објавил: Весна Петровска | 28 мај, 2019 14:59

Тачи дал зелено светло за нападот врз Србите – откриени детали за нападот во Северот на Косово

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Косовскиот претседател Хашим Тачи во раните утрински часови ги собрал сите на состанок во својата канцеларија од сите безбедносни структури на Косово и дали зелено светло за нападот врз Србите, пренесуваат српските медиуми.

За потсетување, во Северна Митровица утрово, во 06.10 часот, се слушнаа сирини по повод нападот на специјалните албански сили на северниот Космет.

Специјалците на РОСУ во три колони и вооружени со долги цевки рано наутро прво уапсиле најмалку 6 Срби, припадниците на косовската полиција, а потоа пристигна вест која и од Општината била потврдена и од претседателот Александар Вучиќ дека во денешната акција досега уапсени се дури 23 припадници на српската и босанската националност.

На Северот од Косово утрово се одвивала вистинска драма, а во Северна Митровица народот е загрижен и уплашен излезе на улиците. Во морничав звук на сирена Србите го опколиле центарот, кај споменикот на цар Лазар. Со нив се и преставниците на Српската листа кои останале во Митровица и вчера не присуствувале на седницата во Собранието на Србија.

Вистинска драма се одвивала во Зубин Поток, каде специјалците на РОСУ апселе, пукале, фрлале шок бомби, тепале, кршеле, малтретирале Срби и упаѓале во домовите. Во утринското пукање на тоа место се ранети двајца Срби, а уапсени се пет лица.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.