За да зборува за тоа мирно денес, ѝ било потребно многу труд и работа на себе.

Објавил: Весна Петровска | 26 септември, 2019 21:39

Тајчи проговори за траумите во младоста – „Бев силувана“!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ѕвездата од 90-тите години Татјана Камерон Тајчи неодамна си ја отвори душата и призна дека била жртва на сексуално насилство во младоста.

Сега таа откри нови детали за трауматското искуство за „Јутарњи лист“.

„Бев на тинејџерка, пред да станам славна ме силуваа, верував дека тоа е моја вина. Поради тоа, не сакав никому да кажам ништо. Мора да создадеме средина во која жената или мажот нема да веруваат дека се виновни кога тоа ќе им се случи“, признала таа

За да зборува за тоа мирно денес, ѝ било потребно многу труд и работа на себе.

„Години на психотерапија, длабока потсвест, ми требаше многу време за да се излекувам“, рече пејачката.

„Како мајка на тројца синови и креативна претприемачка, секојдневно се справувам со многу стрес. Низ животот се справував и со некои навистина големи работи: ги изгубив сопругот и таткото поради ракот, со години се борев со депресијата и анксиозноста, како тинејџерка доживеав сексуално злоставување и се борев повторно да се засакам себеси и да си ја вратам самодовербата“, вели Тајчи.

Откако пред една година сопругот на Тајчи почина од рак, пејачката од Америка се врати да живее во Хрватска. Таа почна свој бизнис и организира луксузни крстарења по хрватското крајбрежје. На своите гости им држи мотивациски говори и предавања, а организира и часови по медитација и јога. На крстарењата што траат по осум дена, гостите на Тајчи посетуваат неколку хрватските градови и имаат можност да пробат далматинска храна и локални пијалаци.

Тајчи го испеа најпознатиот хит на 90-тите Хајде да лудујемо

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.