Предлогот за отворање на стечај го поднесоа 43 поранешни вработени во телевизијата поради неисплатени плати и придонеси а на листата на доверители се новинари, сниматели и монтажери.

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2018 9:30

“ТВ НОВА” во стечај: Судот определи стечаен управник

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Основниот суд Скопје 2 денеска отвори стечајна постапка за телевизијата Нова, каде сопственик е исто така Сеад Кочан. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска.

Предлогот за отворање на стечај го поднесоа 43 поранешни вработени во телевизијата поради неисплатени плати и придонеси а на листата на доверители се новинари, сниматели и монтажери.

ТВ Nova е нов телевизиски канал во Македонија кој започна да работи на 1 февруари 2016 година. Каналот е стациониран во Скопје, а главниот уредник на вестите е Билјана Василева Трендафилова. Телевизиската станица престана да работи на 13 февруари 2018 година.

Се шпекулира дека овој ТВ Канал кој се појави во најтешките моменти за Македонија е всушност сопственост на Сашо Мијалков , поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, а по роднинска врска братучед на Никола Груевски. Сеад Кочан бил според истите шпекулации само продолжена рака на Сашо Мијалков.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести