Еден од најзагадените градови во Европа и светот, од Буџетот за 2018 година одвои 5 милиони денари за внатрешно разубавување додека граѓаните се што бараат е чист воздух

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 декември, 2018 5:56

Тетовчани се гушат, Теута ќе троши 80.000 евра за ентериер

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

5 милиони денари ќе потроши Општина Тетово за реконструкција на општинската зграда, во исто време кога заедно со Битола и Скопје рушат светски рекорди по загаденост на воздухот.

Како што стои во документот на Бирото за јавни набавки, планирано е да се изврши обнова на канцелариите кои ќе се подноват и со нов мебел, замена на подот, дрвените врати, промена на електричната инсталација, изработка на спуштени тавани, реконструкција на санитарни јазли.

Граѓаните велат дека обновата на општинската зграда не е спорна, но во градот има многу поголеми приоритети каде треба да се инвестира во областа на инфраструктурата и комуналиите.

Во Тетово со години наназад не е отворена нова улица, булеварите не се пробини докрај, атмосверската, фекалната канализација, но и водоводната мрежа е дотраена и стара повеќе од половина век, голем дел од улиците и тротоарите се во руинирана состојба, а проблемот со комуналниот смет се уште не е решен.

Од Општина Тетово велат дека поради временските услови работите на терен се со послаб интензитет.

Оттаму потенцираа дека моментално се работи на реконструкција на само две улици. Велат дека ќе има проекти во 2019 година, но за какви проекти и колку пари ќе се одвои за нив не дадоа конкретен одговор.

Како што објави Бирото за јавни набавки на својата интернет страна, Општина Тетово од 19 ноември отворила повик за прибирање на понуди за реконструкција на Салата на Советот и канцелариите на општината.

Повикот ќе трае до 10 декември по што треба да биде избрана фирма која дала најповолна понуда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести