Фотографијата од превртениот хеликоптер ни ја испратија од лице место вработени на аеродромот кои се вознемирени од немилиот настан.

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 12:19

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се преврте хеликоптер на МВР (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Слободен печат

Денеска, околу 11 часот и 30 минути, на аеродромот кај Петровец во Скопје, се превртел хеликоптер на МВР. Во несреќата, како што дознава Слободен печат, нема повредени.

Фотографијата од превртениот хеликоптер е испратена од лице место и ја испратија вработени на аеродромот кои се вознемирени од немилиот настан.

Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во изјава за Слободен печат ја повтрди информацијата и рече дека нема жртви, ниту повредени, освен еден колега кој има гребнатинки.

Според првичните информации хеликоптерот се урнал поради силен ветер.

Со повеќе информации МВР ќе излезе подоцна.

Во Република Македонија има 2 цивилни и повеќе спортски и воени аеродроми. Цивилните аеродроми се наоѓаат во Скопје и во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести