Скопјанец загина во судир на два автомобили, вчера во близина на Киево, информираше МВР

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 април, 2020 10:43

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Едно лице го загуби животот на патот Кичево-Гостивар!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол.

Скопјанец загина во судир на два автомобили, вчера во близина на Киево, информираше МВР.

-На 13.04.2020 во 13.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај место викано „Сатеска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „астра“, управуван од А.А.(32) од село Зајас и автомобил „хонда“, што ја управувал В.С.(58) од Скопје.

Во незгодата В.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Кичево, велат од МВР.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вчера информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...