На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Објавил: Перо Милчин | 7 август, 2019 17:12

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Загина 18 годишно момче, сопатниците потешко повредени!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Во тешка сообраќајна несреќа загина 18-годишно момче што се случила утринава на регионалниот пат Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште.

Како што изјави портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утрово во 4:25 часот.

Тешката несреќа се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот.

Во автомобилот се наоѓале уште четворица сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Момчето кое го управувало автомобилот починало на самото место, а две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

На местото на несреќата беше извршен е увид од страна на истражните органи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...