Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2018 11:15

Тешко повреден пешак во Скопје, возачот го напуштил местото

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седумдесет и двегодишната скопјанка М.А. вчера се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа откако патничко моторно возило „Ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, удрило во неа, а по незгодата го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 10:55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случила на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ со улицата „1732“

– Од незгодата со повреди се здобила М.А. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош и од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди по што била задржана на понатамошно лекување, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести