Грозоморен чин во Битола, двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години, три пати сториле кривчно дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 13:32

Тинејџери силувале дете во Битола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола, за сторени три кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 16 и 17 април годинава во Битола на улица Караорман првопријавениот во својот дом силувал 12-годишно дете од Битола.

Во летниот период во 2017 година на паркинг простор во Битола второпријавениот го силувал истото дете. Исто така, во февруари оваа година второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.

Засега не се познати повеќе информации во врска со грозоморниот чин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести