Како што пренесуваат тамошните медиуми импровизирана експлозивна направа експлодирала на пат кога покрај неа поминало возило со локални жители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 21:42

Трагедија во Турција: Четири лица загинаа при експлозија, а 13 се тешко повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нетпрес

Најмалку четири лица загинаа, а 13 се тешко повредени во експлозија во југоисточна Турција. 

Како што пренесуваат тамошните медиуми импровизирана експлозивна направа експлодирала на пат кога покрај неа поминало возило со локални жители.

Канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир соопшти дека „се верува оти експлозивот го поставиле припадници на Курдската работничка партија”.   Фото Плус Инфо

Канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир соопшти дека „се верува оти експлозивот го поставиле припадници на Курдската работничка партија”.

Како што пренесуваат локалните медиуми тројца од повредените , според извори од болницата им подлегнале на повредите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети пред јавноста дека ќе ги мобилизира сите средства за да ги уапси одговорните за „овој суров терористички напад“, се наведува во соопштението од негвиот кабинет.

Повеќе од 40.000 луѓе се убиени од почетокот на конфликтот меѓу Турција и ПКК.

Експлозијата се случила во областа Кулп во Дијарбакир град во југоисточна Турција. Градот е и главен на покраината Диарбеќир а брои 1,860,714 жители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести