По постигнувањето на договорот задоволство изрази и претседателот на САД Доналд Трамп кој рече дека договорот за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е историски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 септември, 2020 8:12

Трамп: Договорот меѓу Белград и Приштина е историски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на американсиот претседател Трамп, потпишаа договор со кој се регулира соработката на двете земји во економски области, а двете земји објавија дека успеале да постигнат договор и дека ги нормализирале економските односи во рамките на преговорите кои вклучуваат преместување на српската амбасада во Ерусалим од страна на Белград и признавање на Приштина од Израел..

По постигнувањето на договорот задоволство изрази и претседателот на САД Доналд Трамп кој рече дека договорот за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е историски.

– Навистина е историски, рече Трамп во Овалната канцеларија на Белата куќа, каде договорот го потпишаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

И претседателот на Косово Хашим Тачи им честита на претставниците на неговата земја и на Србија за постигнатиот договор за економска стабилизација меѓу двете држави.

– Го поздравувам потпишувањето на договорот меѓу Косово и Србија денеска во Вашингтон. Благодарен на Белата куќа, на претседателот Доналд Трамп и на Ричард Гренел за водењето на овој процес. Косово сега ќе продолжи да работи на економскиот развој, отворањето работни места и натамошното внатрешно и меѓународно консолидирање, напиша Тачи.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.