Трамп на Твитер напиша дека разговарал со гувернерите на Тексас и Луизијана за ураганот Делта.

Објавил: Владо Марин | 8 октомври, 2020 1:36

ТРАМП ЈА ПОБЕДИ КОРОНАТА: Претседателот на Соединетите држави се врати на работа во Овалната соба

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во Овалната соба, првпат откако се врати од воената болница Валтер Рид, каде се лекуваше од вирусот корона, изјави портпаролот на Белата куќа.

Трамп на Твитер напиша дека разговарал со гувернерите на Тексас и Луизијана за ураганот Делта.

„Само што ме известија за ураганот Делта и разговарав со гувернерот на Тексас, Грег Абот и гувернерот на Луизијана, Бел Едвардс“, напиша Трамп.

Лекарот од Белата куќа Шон Конли денес изјави дека Трамп немал симптоми на ковид-19 во текот на последните 24 часа и дека немал температура повеќе од четири дена.

„Ја напуштам одличната болница Валтер Рид во 6:30 часот. Се чувствувам многу добро! Не плашете се од ковид-19. Не дозволувајте тој да ви го управува животот. Под администрацијата на Трамп развивме одлични лекови и стекнавме големо знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“, напиша Трамп претходно на Твитер.

„Се враќаме на работа. Како ваш водач, морав да го сторам тоа. Знам дека постои опасност, но морав. Истапив и водев. Секој лидер би го направил тоа што го направив јас. Знам дека постои ризик и опасност, но тоа е во ред. Сега сум подобро и можеби сум имун, не знам. Но не дозволувајте (коронавирусот) да доминира во вашите животи“, рече Трамп во видеопорака што ја сними и ја објави по повод излегувањето од болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.