Човекот кој ги водеше протестите за поддршка на Груевски сепак бил во Будимпешта, на легување, но не одговори за фотографијата на која е со поранешниот премиер

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 10:54

Трајковски бил Унгарија, на лекување, попатно се слетнал и со Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Половична вистина или половична лага, советникот Александар Трајковски сепак бил во Унгарија, но во Будимпешта бил за лекување а не исклучиво за средба со поранешниот премиер Никола Груевски.

Сепак Трајковски во изјавата иако не коментира за евентуална средба со Груевски изјавува дека да бил еден метар поназад никој немало да знае каде се наоѓа?

На паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО, обвинетиот Александар Трајковски пред новинарите рече дека во Унгарија бил на лекување за проблеми кои ги има со белите дробови, а не за да се види со поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој не сакаше да говори јавно, туку соопшти дека ги споделува информациите за јавноста да знае што се случувало.

Бев да направам испитување. Две години имам намален капацитет на белите дробови. Досега никој не ме упати на лекување на Клиниката за уво, нос и грло. Се лекувам со пумпици. – раскажа Трајковски.

Тој рече дека се лекувал на клиниката „Дуна медикал“. Покажа медицинска документација и сметки дека платил за здравствената услуга.

Да бев еден чекор назад немаше да се знае дека сум во Унгарија. – рече Трајковски и додаде дека ќе го затвори боледувањето и ќе ја достави документацијата до институцијата каде што е вработен.

Претходно Трајковски, кој беше фотографиран со Груевски во Будимпешта, утрово при доаѓањето во Судот ги избегна новинарските екипи и не одговори на ниедно прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести