Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишник осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 9:57

Триесет дена притвор за осомничениот за убиството на Никола Христовски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Триесет дневен притвор за осомничениот за убиството на 17- годишниот Никола Христовски, кој беше убиен завчера, во скопската населба Ново Лисиче во Паркот на музиката, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Днеска ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишник осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Убиеното момче Никола Христовски со својата мајка

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Инаку вчера мајката на убиениот Никола Христовски на социјалните мрежи напиша тpoгателна порака за нејзиниот син единец, во која вели дека се надева на тоа неговиот убиец никогаш нема да излезе од затвор.

„Денеска згасна животот на мојот син единец. Прерана и насилна смрт за ангел кој уште не ја достигна ширината на неговите крилја. Се надевам дека бар за него ќе има пpaвда и тој што го уби моето дете, никогаш нема да излезе од затвор, напиша мајката на убиеното момче од Ново Лисиче”.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести