Во изјава за медиумите Стојчев вели дека поради таткото на Боки 13, кој вчера беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот немал ниту една крштевка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2019 9:02

Три години немав ниту една крштевка или венчавка- Свештеникот Стојчев бара оштета

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера му беше одредена казна затвор од шест месеци на таткото на Боки 13, свештеникот Виктор Стојчев најави дека ќе бара отштета од Миле Јовановски.

Во изјава за медиумите Стојчев вели дека поради таткото на Боки 13, кој вчера беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот немал ниту една крштевка.

Миле Јовановски, татко на Боки 13, e осуден на казна затвор од шест месеци, откако претходно призна вина. Тој беше обвинет за физички напад на свештеникот Виктор Стојчев.

За ,,Фокус” тој појаснува дека се решил да бара отштета од Јовановски во граѓанска постапка, бидејќи цели три години, по нападот, луѓето биле убедени дека тој е тепачот, па не му доаѓале во црквата ниту за венчавки, ниту за крштевки.

За отштетата, верувам дека има стручни лица кои ќе пресметаат и земат во предвид дека свештеничката работа зависи од угледот и честа. Во последните три години немав ниту една крштевка или венчавка, црквата ми беше празна, бидејќи по нападот до ден денешен јас бев тепачот. Па така, за македонски услови таа отштета би била далеку пониска од вообичаената пракса. Но, најважно од се е што злосторниците го признаа злосторот, а никаква материјална отштета не може да ми го врати угледот и здравјето – вели Стојчев, кој не прецизираше колкава би била сумата која што ќе ја бара од Јовановски.

Имено свештеникот Стојчев истакна дека доколку добие отштета, планира да ја донира, односно ќе била во насока на човекољубие. Тој додава дека како човек и како свештено лице, веќе му простил на семејството Јовановски.

Миле Јовановски вчера заработи казна затвор од шест месеци поради настан кој се случил во јануари 2017 година, поради расправија, односно тепачка за паркинг пред нивните домови.

Тогаш Стојчев бил удиран со тупаници и со нозе од страна на Јовановски, а се здобил и со скршеница на клучниот зглоб на левата нога.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести