Земјотресот која вчера го зафати источниот дел на Турција бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јануари, 2020 9:18

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО ОД ТУРЦИЈА: Татко се наместил како потпора и загинал за да ги заштити своите деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страотен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди вчера Источна Турција. Се поголем е бројот на загинати а бројот на повредени е 920 луѓе.

Земјотресот која вчера го зафати источниот дел на Турција бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Најтешко е погодена провинцијата Елазиг, а потресот се почуствувал и во Ирак, Сирија, Израел и Либан.
На истокот на земјата уништени се околу 5 објекти. Многу граѓани во паника истрчале на улиците.

Загинаа 16 лица во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија.

Спасувачките екипи се на терен, и ја започна потрагата за спасување на преживеани од под рушевините.

Она што буквално ќеви го искине срцето е видеото кое беше споделено насоцијалнитемрежи. Татко за да ги спаси своите деца, легнакако потпора и зажал загина во рушевините, а несе знаениту дали децата преживеаа.

Длабочината e измерена на 10 километри од страна на ЕМСЦ, а бил доволно силен за луѓето да истрчаат надвор за да се засолнат, пренесуваат локалните медиуми.
Како што јавија турските медиуми најмалку четири или пет згради се урнале во Сивриџе.

Премиерот Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук изрази пидршка и солидарност со турскиот народ по катастрофалниот земјотрес кој го зафати источниот дел од Турција.

Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.