Станува збор за една млада пациентка која го победи карциномот во текот на лекувањето на Детската клиника.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 10:43

УБАВА ВЕСТ ОД ДЕТСКАТА КЛИНИКА: Малата Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото црно бело

Радосна вест објави денеска Министерот за здравско Венко Филипче на својот официјален Фејсбук профил. Имено министерот информираше за уште еден мал борец кој успеа да го победи карциномот.

Инаку на 19 ти септември, волонтери пуштија петстотини златни балони во чест на децата кои се лекуваат од рак. На настанот „Убаво е да си херој“ директорката на Клиниката за детски болести, Наташа Најдановска – Алулоска рече дека од 35 до 40 деца во Македонија годишно се дијагностицираат со малигни заболувања.Директорката вели дека 40 отсто до децата дијагностицирани со малигно заболување имаат леукози. (ФОТО СЛОБОДНА ЕВРОПА)

Станува збор за една млада пациентка која го победи карциномот во текот на лекувањето на Детската клиника.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица! Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај!“, велат од Клиниката за детски болести.

Бојана е едно од оние деца на Детската Клиника кои успеаа да се изборат и да го победат карциномот.

„И посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители!“, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку секое детенце кое си заминува од Детската Клиника, победнички ѕвони на ѕвончето за да ја соопшти убавата вест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести