Таткото имал 47 години, неговиот син во октомври месец требаше да наполни девет години, и двајцата биле убиени на лице место – врз нив се пукало со огнено оружје.

Објавил: admin@magazin | 22 април, 2019 18:04

УБИСТВО ВО СЛУПЧАНЕ: Татко и син убиени со огнено оружје!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Трагите од крвта и ситните стакла од автомобилот Опел Астра каде се наоѓале сега мртвите татко и син останаа да сведочат на местото на убиството.

Во автомобилот каде се наоѓале таткото и неговиот син, според неофицијални информации било пукано во заседа. 

На терен денеска се излезени полициски службеници и јавен обвинител, тие вршеа вештачење на теренот а додека пак возилото во кое беа убиени таткото и синот беше подигнато 13 часот.

Таткото имал 47 години, а неговиот син имал девет години. Двајцата биле убиени на лице место, а врз нив се пукало со огнено оружје.

Докази од местото на убиството кое се вика „Слупчански бунар“ ќе се вештачат дополнително велат од обвинителство.

„По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.“ – велат од ОЈО.

Извршителот на убиството се уште не е пронајден, а по него се трага велат од полицијата. На местото Слупчански бунар вчера околу 22.40 часот било извршено убиство врз двете лица.

Врз таткото и синот било пукано со автоматско огнено оружје. Според неофицијални информации на убиството му претходело бркотница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...